Граѓаните на Крушево активни учесници во буџетот за 2022 – „Низ женски леќи“

Општина Крушево во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ собира предлог проекти кои се разгледуваат да бидат дел од буџетот за 2022-ра година.

Во рамки на проектот се спроведоа 3 фокус групи со вкупно 87 учесници кои пак резултираа со голем број на предлог проекти како предлози за предлог буџетот за наредна година. Предлог проектите се рангирани по приоритети.

„Ова е дел од една одлична иницијатива со која го зголемуваме граѓанското учество во распределбата на финансиите за наредната година. Дополнително што е важно за овој проект е што истиот е „низ женски леќи“, односно има родова компонента. Од денес започнуваме со дополнителни консултации на граѓаните за креирање на предлог буџетот за 2022-ра.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира