Групата Прилепски Планинари – Авантуристи ја организираат третата Прилепска трансверзала

По трет пат во нашиот град групата Прилепски Планинари – Авантуристи ја организира Прилепска трансверзала во должина од 50-60 км. Во оваа трансверзала ќе се опфати прилепскиот венец на планините Бабуна и Селечка Планина.

Опис на турата:

– Прв ден на маршутата е пешачење по планината Бабуна со старт од Економски Факултет во 7 часот, преку Маркови Кули,м Трескавец, с. Дабница, рудникот Кукул, раскрсницата кај Сивец, преку Леково, до с. Оревоец, пештера рамниште, врв Козјак и крајна цел с. Плетвар. каде спијаме во шатори.

– Одмор, вечера обезбеденa од организаторите, мала забава.

Вториот ден пешачење по Селечка Планина со старт од с. Плетвар во 7 часот до под врвовите Ливада, Чуле по сртот на Селечка до под врвот Калушоец, местото викано Дуна нива и Мечка, крајна цел Прилеп.

– Ручек ( обезбеден од организаторот), мала дружба затворање на настанот.

Турата спаѓа во тешки тури и не е за почетници планинари.

Во двата дена се предвидени од по 10-12 часа пешачење со попатните одмори места за освежување и собирање на сила до крајната цел.

Секој учесник е должен да си обезбеди шатор и вреќа за спиeње кои што ќе му бидат однесени до местото предвидено за спиeње (товарот од вреќа и шатор не го носи со себе).

За првиот ден секој со себе да си понеси онолку опрема и исхрана колку што му е потребна за тој ден, а остатокот му останува во селото Плетвар за вториот ден.

За исхрана за првиот ден секој да си носи со себе храна за поручек и ручек.

За вториот ден само поручек.

Вода има доволно по текот на целата трансверзала.

Пријавувањето е задолжително.

За повеќе информации обратете се на 077556672 Владимир.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира