Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден Инфо Компас направи интервју со Господин Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско – Новозеландски.

Со Митрополитот Петар поразговаравме околу значењето на овој ден и што точно претставува самото Воскресение на Христос, кое е темелот на нашата вера? Како да го дочекаме овој ден? Кое е значењето на самиот пост и зошто се пости 40 дена.
Владиката Петар потенцираше дека човекот беше создаден за да бидеме Богови, не по природа, туку Богови по благодат. Но Адам и Ева паднаа од гревот и „умреа“, а „умирањето“ било духовно со тоа што тие се оддалечиле од Бог и биле протерани од Рајот.
Според преданието Адам и Ева биле во Рајот само 40 дена. Таа симболика на бројот 40 потоа ја имаме во деновите во кои Исус Христос пости во пустината, а 40 дена трае и Велигденскиот пост.
Митрополитот Петар потенцираше дека за да Бог го спаси човекот, Синот човечки слезе на земјата се вооплоти во човечко тело, во утробата на Богородица, беше распнат и умре заради нас, за да со својата смрт ги ослободи сите души кои до пред овој настан биле во Адот и на преведниците и на оние кои грешеле. Адот земено не како место туку како состојба на душите. Во Рајот до пред Воскресението немало ниту една душа од луѓето.
Митрополитот Петар одговара и прашањата кој се може да се причести за Велигден, дали само тие кои постеле или пак сите, дилеми кои се отвораат за секој Велигден.
Повеќе околу оваа тема погледнете во интервјуто.