
Цариградската црква признава дека ние сме канонска црква, дека кај нас нема погрешни учења и дека ние како црква живееме живот кој што доликува на православните христијани. Недоразбирања со Цариград немаат врска со верата, вели во Велигденското интервју за Инфо Компас, Господин Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско – Новозеландски.
Според него Цариград имал 3 барања за да ни даде Томос, а тие биле комплетно неприфатливи за нас. Прво од Фанар барале ние да не се именуваме воопшто како Македонија и Македонска Православна црква и да не се именуваме како Македонци бидејќи тоа било само нивно, а не наше. Второ барале да се нарекуваме само Охридска Архиепископија и како трето барање било тоа што Цариград ја барал целата наша дијаспора во владение, што според Митрополитот Петар е апсурд бидејќи таа е изградена и создадена од Македонците кои живеат надвор од државата.
МПЦ продолжувала да сослужува со сите цркви освен со Православната Црква на Украина, која не ја признавале и други православни цркви, дури и најголемиот број на манастири на Света Гора кои се под директна јурисдикција на Цариград.
За сите овие овие прашања погледнете во интервјуто.