Двајца директори и тројца онколози осомничени во случајот „Онкологија“

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Седум јавни набавки на преговарање без објавување на оглас и без одобрение и согласност од Фондот за здравствено осигурување, скапи третмани на ден пред да починат пациентите и создавање на вишок лекови се дел од дејствијата за кои се товарат петмина осомничени во случајот со Онкологија.

Станува збор за поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и Онкологија, Нино Васев, поранешниот организациски директор, Нехат Нухи, и тројца онколози кои здружени со единствена намера да создадат вишок лекови за кои што сѐ уште не е утврдено каде завршиле, според првичната истрага, прибавиле имотна корист за друг во износ од близу 30 милиони евра.

Ова се информациите што на денешниот брифинг со новинари ги соопшти обвинителката Ана Гоговска Јакимовска. Обвинителството има сознанија и за стан каде се чувале лековите кои биле злоупотребени, а прегледани биле 25.500 електронски и хартиени досиеја и разговарано со 35 до 40 онколошки пациенти.

Обвинителството денеска побара од Кривичен суд на двајцата директори да им биде одземен пасошот и поранешниот медицински директор да не може да се доближи до работното место, додека за онколозите не се побарани мерки и може да продолжат да работат со пациенти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци