На 16.07.2024 во 21.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.А.(20) и В.А.(22), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека околу 16.30 часот во Прилеп физички го нападнале А.Ш.(30) од Прилеп и му одзеле пари.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 237 од Кривичниот законик.