Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, сабота 1 август:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 2 случаја на заболени од коронавирус, а две лица оздравеле од заразната болест.
- Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 53. Од нив, 38 лица се наоѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување.
- Вкупниот број на заболени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 333.
