Денес стартува директната авиолинија Скопје – Москва

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Oд денес стартува директната авиолинија Скопје – Москва, а првиот лет на руската авиокомпанија „Нордвинд” од Москва во Скопје треба да пристигне денес во 17 часот и 10 минути. Со неа практично, по 20 години пауза повторно се отвора воздушната врска  меѓу двете земји.

Новата редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје, според најавите на „Нордвинд“, требаше да се одвива еднаш неделно, секој петок попладне со време на поаѓање од Меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути.

Воспоставувањето на директната линија Скопје – Москва првично беше најавено за 21 мај 2021, но „Нордвинд“ го одложи поради, како што соопшти, епидемиолошката состојба.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми