Десетина меѓународни параглајдинг натпревари ова лето во Крушево

Во текот на целиот летен период во Крушево ќе се одржуваат меѓународни параглајдинг натпревари и покрај спортисти се очекува многу туристи да го посетат градот.

 

Дел од натпреварите во параглајдинг потврдени до овој момент се: Полиш лајт од 2-ри до 7-ми јули, Европско првенство во змајарство од 8 до 21 јули, Озон опен од 22 до 28 јули, Крушево опен од 29 јули до 4 август, Британски шампионат од 12 до 17 август.

 

Се очекува официјална потврда за уште неколку параглајдинг натпревари, како БП куп, Македонија опен, Нордик опен и други.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира