Дечиња од Гевгелија продаваат крофни и колачи за да ја спасат нивната сограѓанка Луна

По примерот на храбрата Нина Нинковиќ од Нови Сад која продаде стотици крофни за да собере средства за лекување на нејзиниот болен татко Зоран Нинковиќ и стана феномен на Балканот, дечиња од Гевгелија започнаа да продаваат крофни, колачиња, лимонада, да соберат парични средства за лекувањето на малата Луна.

Иако децата не се познаваат, тоа не било пречка за Марија да ја почне иницијативата и со продажба на домашни крофни и лимонада да и помогне на својата сограѓанка, а набрзо неа ѝ се придружиле Петар и Силвија кои исто така се обидуваат да помогнат во собирањето пари за Луна.

Имено 14-годишната Луна Поп Костова е во животозагрозувачка состојба (поради асфикција на мозокот при раѓањето се здобила со дијагноза „спастична парализа – квадриплегија“), а веќе една година храбро се бори со сколиоза во последен стадиум и таа мора под итно да оди на операција во Турција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи