ДЗР: Општините не наплатиле речиси три милијарди денари даноци, такси и надоместоци објави Скопје1.мк

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Недостатоци во законската регулатива, недоволни административни капацитети и слаб фискален напор сериозно ја ограничуваат способноста на општините за ефикасно прибирање на локалните даноци, такси и надоместоци, покажува ревизијата што ја спроведе Државниот завод за ревизија.

Ревизијата, која ги опфати активностите во периодот од 2020 до 2024 година, утврди дека мерките и политиките што ги спроведуваат надлежните институции и единиците на локалната самоуправа не обезбедуваат навремена и целосна наплата на сопствените приходи.

Според ревизорскиот извештај, во наведениот период општините акумулирале 2,93 милијарди денари ненаплатени побарувања по основ на даноци, такси и надоместоци, додека биле отпишани побарувања во вредност од 233,9 милиони денари. Дополнително, 67 проценти од ненаплатениот данок на имот се побарувања постари од пет години, што, според ревизорите, укажува на недоволен фискален ангажман на општините.

Во извештајот се посочува дека постојната законска рамка содржи бројни слабости. Не е предвидено редовно ажурирање на регистарот на недвижности по службена должност, роковите за плаќање не се прецизно утврдени, а начинот на доставување на даночните решенија не е соодветно регулиран. Дополнително, методологијата за утврдување на вредноста на недвижностите е застарена и не ја следи реалната пазарна вредност.

Ревизорите утврдиле и дека само 15 општини извршиле ревизија на пазарната вредност на недвижностите, што создава нееднаква примена на прописите. Истовремено, дел од комуналните такси се наплатуваат без издадени решенија и без воспоставени регистри на обврзници.

Како дополнителен проблем се наведуваат недоволните човечки ресурси, непополнетите работни места во даночните одделенија, недостигот од проценители, различните софтверски решенија и нецелосните регистри на недвижен и подвижен имот, што значително го отежнува администрирањето и следењето на даночните обврзници.

Во извештајот се наведува и дека само три од осумте комунални такси се администрираат и наплатуваат во повеќе од половина од општините, додека останатите се применуваат во помалку од една четвртина од нив.

Ревизорите констатираат и слаб инспекциски надзор, посочувајќи дека на државно ниво има само еден инспектор од Управата за јавни приходи, а во сите општини вкупно 16 даночни инспектори, кои немаат овластување да изрекуваат глоби.

За надминување на утврдените слабости, Државниот завод за ревизија упати повеќе препораки до надлежните институции, со цел подобрување на системот за администрирање и наплата на локалните даноци, такси и надоместоци и зајакнување на фискалниот капацитет на општините.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци