Дизелот поевтинува од полноќ, цената на бензините не се менува

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која се менува цената на дел од горивата. Од полноќ, дизелот поевтинува за 2 денари, додека цената на бензините останува иста.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 94 денари/литар, додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава по 95,5 денари/литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98     по 98 денари/литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува 94,5 денари/литар, а на мазутот М-1 НС 52,840 денари/килограм.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми