ДИК: До вчера 11.224 лица се провериле во избирачкиот список

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Јавниот увид во Избирачкиот список може да се направи во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија и електронски преку веб страната на ДИК.

Вкупно 11.224 лица до вчера се провериле во избирачкиот список, а поднесени се вкупно 33 барања за запишување во избирачкиот список, 25 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 19 барања за измена на податоците во избирачкиот список, информираат денеска од Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК известува дека постапката за јавен увид во Избирачкиот список тече и истата ќе трае до 9 септември 2021 година.

До Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk  се поднесени вкупно 36 барања.

Истовремено тече рокот и за пријавување на набљудувачи на локалните избори.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми