Донација на дидактички помагала за сензорната соба во склоп на градинката “Весело Штркче” во Обршани

Денес Мрежата на ЛАГови во партнерство со ЛАГ АГРО ЛИДЕР донираа едукативни играчки и дидактички и моторички помагала за сензорната соба во ЈОУДГ “Весело Штркче” во Обршани.

Со ова проектна активност, од денес наставниот и стручниот кадар во градинката, но и од основното училиште во Обршани ќе имаат на располагање нови алатки за работа со децата, а особено за децата и/или учениците со интелектуална попреченост, аутистичен спектар и др.

Квалитетното образование во претшколска возраст и инлузивноста се предизвик за сите нас, што бара континуирано вложување во програми целосно адаптирани на индивидуалните потреби на децата и создавање на можности за нивна реализација.

Донацијата е обезбедена во рамките на проектот eHelp СМакедонија – Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување, кој го спроведуваат австриските организации Regionalmanagement regio³, Leader Region FUMO и Zeitkultur Oststeirisches Kernland во соработка со Мрежата на ЛАГОВИ од нашата држава со финансиска поддршка на Сојузното австриско министерство за социјални политки, здравство, нега и заштита на потрошувачи.

Во рамките на проектот се споделуваат добри практики од Република Австрија  кои опфаќаат различни области меѓу кои Европската гаранција за деца, социјални услуги за лица со попреченот,  и сл. а воедно се воспоставува соработка со институции/организации од Република Австрија во насока на поддршка и придонес кон поквалитетно и инклузивно образование.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира