1608 земјоделци од Прилепско и Долнени пријавиле 1,5 милиони килограми вишок на тутун, потврдува за Зелена берза Зоран Пачешкоски раководител на ПЕ на МЗШВ Прилеп.
„Од петокот до денес 1608 тутунопроизводители пријавија вишок на тутун, кој до овој момент изнесува 1,5 милиони килограми тутун. Најголем дел од тутунопроизводителите се од Општина Долнени и од Прилепско. Пријавувањето се врши во одделена канцеларија во објакетот на ПЕ на МЗШВ во Прилеп според сите протоколи предвидени од здравстевните власти за заштита од Ковид-19“, вели Пачешкоски за Зелена берза.
Засега во ПЕ на МЗШВ не се донесени податоци колку тутунари вишокот на тутун го пријавиле кај поверениците на откупните пунктови за што претходно апелираше и претседателот на Сојузот на тутунарски здруженија Менде Стомнароски.
Извор : Зелена Берза