Државата глува за финансирање на професионална Спасителна служба во Прилеп

 

Спасителната служба „Златоврв“ од Прилеп постои повеќе години, но за жал нејзиното функционирање е на волонтерска основа, сите спасителни акции ги организираат со своја опрема и на свој трошок. Досега имаат спасено повеќе животи, учествувале во потрага по исчезнати лица, но и извлекување на повредени или починати граѓани од тешко пристапни места.

Нејзините членови се обучени за организирање на спасителни акции како во урбана, така и во рурална средина, односно тешко пристапни и планинскитерени, пештери, пропасти и слично.

Повеќе од две години се обидуваат да покажат што се можат. Организираа и две спасителни вежби во центарот на градот за да со нивната работа се запознаат како граѓаните, така и инститиуциите. Но, за жал и покрај нивните способности државата, како и општината, се глуви за сега да ги финансираат. Искуството кажува дека ваквите служби секаде во Европа се финансирани и од граѓаните и ги има секој поголем град.

 

Повеќе за Спасителната служба „Златоврв“ во интервјуто со Дарко Неданоски, раководител на оваа служба.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира