Државно првенство за Караман и Светско првенство за Шарпланинец викендов во Крушево

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Овој викенд во Крушево ќе се одржат „Светското првенство за Шарпланинец“ и „Државното првенство за македонското овчарско куче Караман“.

Светското првенство за Шарпланинец ќе биде дводневен настан, со предавање за расата на 18ти во сабота и самиот натпревар во недела на Мечкин Камен.

Единаесеттото првенство за македонско овчарско куче Караман исто така се одржува во недела на Мечкин Камен, со почеток во 11 часот.

„Повелете да ги посведочиме и да се дружиме со овие две наши национални кинолошки гордости. Повторно светско а наше!“, велат од Општина Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми