Едукативно-поддржувачки настан наменет за нови родители или родители на деца до 3 години во Прилеп

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Поддршка, практични совети и подароци – сè што му треба на еден нов родител, на едно место. Ако си нов родител (или допрва ќе станеш) – ова е настан што не сакаш да го пропуштиш. За првпат во Прилеп: ✨БЕСПЛАТЕН БАЗАР + ЕДУКАТИВЕН НАСТАН ЗА НОВИ РОДИТЕЛИ + ПРОМОЦИЈА НА ДЕТСКА КНИГА

  • Датум: 10.05.2026
  • Локација: The Point – На тениски, Прилеп
  • Адреса: Цане Кузманоски 96, Прилеп 7500
  • Влез: Слободен за базарот, 500 денари за едукативниот настан

Едукативно-поддржувачки настан наменет за нови родители или родители на деца до 3 годишна возраст, со цел да обезбеди релевантни информации, стручни совети и практична поддршка во периодот на подготовка за родителството и првите денови по породувањето.

Преку внимателно селектирана програма, ќе имате можност да слушнете инспиративни и едукативни предавања од докажани стручни лица во својата област, кои ќе споделат знаење, искуство и практични совети што навистина прават разлика.

Што ќе добиете:

✔️ атмосфера што ќе ја паметите;

✔️ учество на бесплатен базар на кој ќе присуствуваат разни локални бизниси;

✔️ практични совети од стручни лица;

✔️ одговори на реални прашања (доење, развој, психолошка поддршка…);

✔️ поддршка и заедница во период кога ви е најпотребна;

✔️ присуство на промоција на детска книга која обработува актуелна проблематика и можност да купите книга со потпис од авторката;

✔️ дружење и нови контакти;

✔️ фотографии од настанот;

🎁 подароци што ги подготвивме специјално за вас.

Местата за едукативниот дел се ОГРАНИЧЕНИ.

Пријавувањето е по принцип „прв дојден, прв услужен“ – затоа не чекајте. Базарот е бесплатен и отворен за сите – земи ги и најблиските! Резервирај си го своето место за едукативниот настан со пополнување на оваа кратка форма: https://lnkd.in/dXk4P2H8

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци