Еко акција – „Generalka weekend“ во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Денес успешно се одржа акцијата GENERALKA WEEKEND во Прилеп, во организација на Општина Прилеп и со поддршка од неколку општествено одговорни компании и институции. Во акцијата учествуваа ученици од основните училишта, општинската администрација, како и дел од колективот на ЕВН, кои го чистеа просторот околу вештачкото езеро – една од најпопуларните излетнички локации за прилепчани.

Се собра голема количина отпад, главно резултат од првомајските излети, што уште еднаш потврдува колку е важно одржувањето на чистотата и грижата за природата.

„Покрај езерото, беа исчистени и неколку диви депонии во пошироката околина на Прилеп, во координација со ЈКП Комуналец и особено ангажманот на компанијата ,,Бехтел и Енка”, кои што секогаш одговараат позитивно на нашите барања за поддршка и покажуваат силно чувство за општествена одговорност. Како дополнителна мотивација, за секои 10 килограми собран отпад, Министерството за земјоделие и Национални шуми ќе обезбедат по едно дрвце кое ќе биде засадено во наредниот период. Прилеп уште еднаш покажа дека заедно можеме да создадеме почиста и позелена животна средина“, велат од Општина Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми