Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Денес успешно се одржа акцијата GENERALKA WEEKEND во Прилеп, во организација на Општина Прилеп и со поддршка од неколку општествено одговорни компании и институции. Во акцијата учествуваа ученици од основните училишта, општинската администрација, како и дел од колективот на ЕВН, кои го чистеа просторот околу вештачкото езеро – една од најпопуларните излетнички локации за прилепчани.
Се собра голема количина отпад, главно резултат од првомајските излети, што уште еднаш потврдува колку е важно одржувањето на чистотата и грижата за природата.
„Покрај езерото, беа исчистени и неколку диви депонии во пошироката околина на Прилеп, во координација со ЈКП Комуналец и особено ангажманот на компанијата ,,Бехтел и Енка”, кои што секогаш одговараат позитивно на нашите барања за поддршка и покажуваат силно чувство за општествена одговорност. Како дополнителна мотивација, за секои 10 килограми собран отпад, Министерството за земјоделие и Национални шуми ќе обезбедат по едно дрвце кое ќе биде засадено во наредниот период. Прилеп уште еднаш покажа дека заедно можеме да создадеме почиста и позелена животна средина“, велат од Општина Прилеп.








