Жена од Пуста Река го подметнала пожарот во крушевско – запалила плевна, а огнот ја зафатил и боровата шума

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 01.07.2024 година во ПС ОН Крушево лицето С.П. (56 год.) пријави дека лицето В.Ш. од с.Пуста Река подметнала пожар во плевна при што пожарот имал можност да се прошири кон куќите и околната шума. Од настанатиот пожар целосно е изгорена плевна, при што е предизвикана материјална штета од околу 250.000 денари.

Пожарот ја зафатил и боровата шума над с. Пуста Река. Интервенирано е од страна на ТППЕ-Крушево и два воздухоплови (хелихоптери) во сопственост на МВР и пожарот е целосно изгаснат во 19:00 часот.

Лицето е лишено од слобода и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми