На 04.11.2025 во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Радобил, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „КИА“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од О.О. (31) од с. Тополница, радовишко и патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П. (35) од с.Дреново, кавадаречко.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Ѓ.П. и неговиот сопатник Б.П. (56) од с. Дреново, кавадаречко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „киа“ и неговиот сопатник С.О.(24) од с.Тополница, радовишко, како и сопатниците од патничко возило „киа“ Н.П. (28), Т.П. (53) и С.П. (31) сите од с.Дреново, кавадаречко, констатирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп.