Оваа зима, подарете надеж! На 7 декември, со почеток во 19 часот, во НУЦК Марко Цепенков – Прилеп, се одржува предновогодишен хуманитарен концерт во чест на предвремено родените деца – Заедно за нов живот.
Најталентираните уметници и најмалите дечиња од нашиот град ќе ви приредат вечер исполнета со емоции, музика и љубов. Придружете ни се и поддржете ги најмалите борци. Заедно создаваме нов живот, нова надеж и нова приказна!“
