Започна вакцинацијата на штитениците од прилепскиот дом за стари лица

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Започна векцинацијата на штитениците во старскиот дом „Киро Крстески Платнар“ во Прилеп. Од страна на мобилниот тим од пунктот во Здравствениот дом во Прилеп денес вакцинирани се 63 лица, а по празниците ќе бидат вакцинирани уште 23.

„Почна имунизацијата на штитениците во Домот. Од 115, за вакцинација се пријавија 86. Сега се вакцинираат оние над 60 години, а по працниците и другите кои се 10, а се под 60-годишна возраст. Досега успеавме да ги заштитиме станарите во домот, немаме заразено. Имаше еден од штитениците но со лесни симптоми и брзо помина. Со оваа имунизација ќе може поскоро да се вратат во нормалното живеење и побрза ќе биде можноста да имаат средби со членови од фамилиите. Останувата мерките за заштита, но сме задоволни што успеваме да го зачуваме здравјето на штитениците во Домот, изјави директорот на домот, Мики Крстев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми