Засега нема интерес за колективно сместување на украински бегалци

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Засега нема интерес за колективно сместување на украински бегалци во земјава, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Во изјава за медиумите по одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на Армијата, Петровска рече дека бегалците кои доаѓаат во земјава престојуваат кај роднини и пријатели и дека засега не се користат објектите за колективно сместување.

„Полска е првата земја што граничи со Украина и таму е концентрацијата на големиот број бегалци од Украина“, рече Петровска.

Посочи дека премиерот имал телефонски разговор со неговиот украински колега и дека земјава согласно капацитетите е подготвена да прими одреден број на бегалци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми