Затворени уште 5 маркети кои не продавале по загарантирана цена

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) синоќа казни и стави клуч на врата на уште пет маркети во Кавадарци, Гостивар и Тетово кои не ја почитуваат одлуката на Владата за „гарантирана цена“.

„Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одлуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите! Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните!“, вели Трајковски во пораката објавена на Фејсбук.

Казните следуваат откако беа замрзнати и намалени цените на 24 категории прехранбени производи, како што се лебот, млекото, јогуртот, оризот, тестенините, месото, кашкавалот или сирењето. Од вчера на сила е и мерката за замрзнати цени на безалкохолни пијалаци и светло пиво.

Викендов  пазарната инспекција ги затвори дел од маркетите на трговските синџири „Веро“ и „Вива фреш“  поради непочитување на владината Одлука за намалување на цените за 10 отсто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци