ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
На 05.04.2025 година во периодот од 10.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за Униформирана Полиција-Биро за Јавна Безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Битола, ОВР Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 81 возач од кои:
- 22 лица за возење без возачка дозвола,
- 5 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола,
- 3 возачи под дејство на алкохол,
- 8 возачи на возила со затемнети стакла без извршен А-тест,
- 3 мерки за брзина поголема од дозволената, 8 мерки за непрописно паркирани возила,
- 6 мерки за претовар на товар и необезбеден товар,
- 4 барања за правни и одговорни лица,
- Одземени се 2 пмв по 344/4 од ЗБСП односно возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од 6 месеци,
- Одземена е една возачка дозвола по член 341 од ЗБСП како и останати прекршоци.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.