Зголемени бројки на заболени од грип во Прилеп, но состојбата не е алармантна

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Сѐ уште не е достигнат „пикот“ на грипот во Прилеп иако бројките на регистрирани заболени од грип е зголемен, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје.

„Во Прилеп се регистрирани 127 заболени од грип. Бројката е трипати зголемена, но не е алармантна и нема фатални последици. Двајца се хоспитализирани на Инфективното одделение, а уште двајца пациенти на Детското одделение. Хоспитализираните се во добра состојба, не се на респиратор, само со температура и болки во телото“, вели Марија Стевананџија Дамческа, епидемиолог во Центарот за јавно здравје во Прилеп.

Додека во Крушево се регистрирани само 15 заболени и нема зголемување, во Македонски брод, според бројот на жители, бројката е голема и се регистрирани 132-ца заболени од грип.

„Во наредниот период се очекуваат зголемени бројки на заболени од грип. Утре ќе започне и второто полугодие во училиштата и ние будно ќе ја следиме состојбата со отсуствата од наставата“, појаснува епидемиологот Стевананџија Дамческа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми