„Здравствен дом“ – Прилеп утре ќе врши бесплатно мерење на шеќер во крвта

По повод Светскиот ден на дијабетот, 14 ноември, во состав на акцијата „Здравје за сите“, екипи на Здравствениот дом од Прилеп ќе вршат бесплатно мерење на шеќер во крвта, од 10 до 12 часот, пред кафе бар „Ди Каприо“ на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.

 

Во оваа акцијаза бесплатно мерење на крвта се приклучува и здружението на граѓани со дијабет од Прилеп „Светлост за нас“ заедно со членовите на Лајонс клубот.

 

По повод Светскиот ден на дијабетот здружението на граѓани со дијабет од Прилеп ќе оствари и средба со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски. Здружението е оформено 2012 година и моментално брои 260 активни членови.

 

Од „Светлост за нас“ велат дека оваа болест е во постојан подем особено кај младите луѓе. Бројот на заболени граѓани од дијабет во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени изнесувал околу 3.960 лица.

 

Светскиот Ден на дијабетот е создаден од страна на Светска организација за борба против дијабетот (IDF) и Светската здравствена организација (СЗО) во 1991 година, како одговор на загриженоста поради ескалацијата на дијабетот во целиот свет.

 

Светскиот ден на дијабетот се празнува секоја година на 14 ноември, а датумот е избран поради тоа што го одбележува роденденот на д-р Фредерик Бантинг, кој заедно со д-р Чарлс Бест, е заслужен за откривањето на инсулинот во 1921 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци