„Зелен ден“ на Рурална Коалиција

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

10-ти мај одлучивме да го прогласиме за Зелен ден на Илинска планина и заедно да го одбележиме во природа. Селото Прострање, Кичево беше нашиот домаќин па низ ритамот на музиката од Montparnasse association уживаме во зеленилото, а со младите извидници успеавме да го обиколиме селото  и да се запознаеме со локалните знаменитости преку разговорите со локалното население, да ја разгледаме старата архитектура на селските куќи, но и да ја посетиме Ќирковата водејнца

Направивме селска тура вредна за паметење, зборувавме за руралниот развој, за селскиот туризам, за мотивирањето на младите и нивното враќање кон природата

Ги поделиме мапите со локалитети, туристичкиот водич, а ја презентиравме и програмата за рурален развој и туризам на Кичевскиот регион и реонот на Илинска планина пред присутните на настанот и локалните жители

Сето ова ни е дел од активностите на проектот “Патот до селото – одржлив развој во срцето на природата” финансиран од CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци