Излезе нов трејлер за 4-та сезона на „Stranger Things“

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Петнаесет месеци по објавувањето на првиот трејлер, креаторите на мега популарната серија „Stranger Things“ објавија нов мистериозен трејлер.

Тоа навестува враќање на д-р. Мартин Бренер, кој го игра Метју Модин. Заплетот на едноминутното видео е сместен во Националната лабораторија Хокинс каде Бренер одгледуваше, тренираше и експериментираше врз деца со психокинетичка моќ, вклучувајќи ја и Елевен, sвездата на серијата.

Претходниот трејлер, кој излезе во февруари минатата година, откри дека Хопер, еден од омилените ликови на серијата, е жив.

Снимањето на серијата беше прекинато поради пандемијата, а продолжи дури кон крајот на септември минатата година. Засега не е познат датумот на премиерното прикажување на 4-та сезона.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци