Традиционално и оваа година, на 10 октомври 2026г. од 18.30 часот во Ликовната галерија ќе биде отворена изложбата на дела од ликовните уметници, членови на Друштвото за ликовни уметници од Прилеп – ДЛУП.
Со дела ќе се претстават : Филип Јовески, Марта Макеска, Методи Исков, Елена Димоска Николоска, Лепа Милошевска, Верче Николоска, Бојана Артиновска, Ангелка Башеска, Марјан Стојаноски, Кирил Гегоски, Емил Солески и Дарко Талески.