Инвестиции во железничката инфраструктура во Македонија: 5 години за брза пруга до Табановце – пруга и до аеродром

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Изградбата на брза пруга на коридор 10 како дел од договорите со Обединетото Кралство е фокус проект со кој Македонија ќе се позиционира како главен транзитен пат на железничкиот транспорт од грчките пристаништа до европските дестинации, истакна на денешната прес конфереција директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски.

Покрај реконструкцијата на постоечката пруга, предвидено е да се изгради нова пруга и долж коридорот 10 да има двоколосечна пруга која значително ќе го забрза транзитот на карго превоз и на патници.

„За таа цел ќе се изработи проектна задача за целосна реконструкција на постоечката траса и кревање на брзината до 160км/ч и онаму каде што има можности и над оваа брзина за патничкиот сообраќај, а до 120км на час на товарниот сообраќај.

Паралелно со оваа постоечка траса ќе се изгради една целосно нова пруга. Значи ќе имаме 2 колосека.  И за двете пруги ќе се трудиме секаде каде што има кривини согласно можностите максимално да се исправат и да се намали должината на пругата. Од голема важност е што при целата градежна активност ќе биде опфатена и изградбата на пругата со која ќе се поврзе, железничката станица во Скопје со Аеродромот во Петровец“, изјави Синиша Ивановски, директор на МЖ Инфраструктура.

Предвидено е пругата да се гради по принципот на проектирање и изградба, односно Изведувачот во исто време да проектира и да гради.

„Пругата ќе биде целосно електрифицирана со современи системи за сигнализација и контрола на сообраќајот по стандардот ETCS (European Train control system ) со особен акцент на безбедноста на патниците и на патните премини долж коридорот 10, за кои што ќе се трудиме сериозно да го намалиме нивниот број.  Рокот во кој ќе очекуваме градежните работи да бидат завршени се 5 години. Овој рок ќе биде накнадно прецизиран но ова е временската рамка на очекувања“, истакна директорот Ивановски.

Тој најави дека паралелно со изградбата на пругата, ќе се реконструира и железничката станица во Скопје, како и изградба на пруга до Меѓународниот аеродром Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци