Прилепчанката Христина Микулек на годинешната Макинова – меѓународна изложба на пронајдоци, прототипи, заштитни марки и слично, се претстави со со иновацијата „Соларна лежалка“ и беше двојно наградена.
Од стручното жири освои второ место, а како уникатен пронајдок на млад истражувач пронајдокот беше забележан и награден од страна на Државниот завод на заштита на индустриска сопственост со Плакета за млад иноватор.
Ментор на Христина Микулек е професорот Сашо Кочоски.
Поради настаната сидуација со пандемијата и препораките од Комисијата за заразни болести Макинова годинава се организираше од 8 до 10 ноевмри и истата беше организирана онлајн, односно презентацијата на пронајдоците беше елаборирана пред комисијата преку интернет апликација.
НАГРАДЕНАТА ИНОВАЦИЈА