Ирена Стерјоска Локвенец, нов претседател на Советот на О. Прилеп, Влатко Петкоски и Мирјана Конеска нови советници



Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа 44-тата седница каде што на дневен ред беше констатирањето за престанок на мандатот на членови во Советот на општина Прилеп, и верификацијата на мандатот на новите членови во Советот на Општина Прилеп како и избор на претседател на Советот на Општина Прилеп.

Со седницата, според протоколот, најпрво заседаваше најстариот член на Советот, Мирјана Крстеска, а потоа со мнозинство гласови за претседател на Советот на Општина Прилеп беше избрана според предлогот од новоформираната кандидациона комисија, советничката на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Ирена Стерјоска Локвенец, која во иднина ќе биде новиот претседател на Советот на Општина Прилеп.

Ваквите промени доаѓаат по резултатите од одржаните парламентарни избори на 8 мај, по кои во новиот парламентарен состав од 4-тата изборна единица од Прилеп, влегоа двајца пратеници, претходни советници, Дејан Проданоски и Билјана Кузманоска од ВМРО ДПМНЕ. Со тоа местото на Кузманоска е заменето со Мирјана Конеска, а местото на Проданоски го зазеде како советник, Влатко Петкоски, од ВМРО ДПМНЕ, чии мандати беа верификувани на денешната седница.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира