Исмаил: ДКСК ја урива довербата – постои корупција кај антикорупционерите

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На седницата за пратенички прашања, пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил, упати критики до претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за неактивноста и потфрлањето на институцијата, особено, во случајот со скандалозното назначување на Бојан Христовски за директор на АНБ.

„Како може ДКСК да тврди дека Христовски не е партиски кадар, кога неговите јавни активности и поддршката за владејачката партија се очигледни? Згора на тоа, неговата диплома е од универзитет со спорна репутација, во сопственост на поранешен градоначалник од истата партија“, посочи Исмаил.

Пратеникот од Левица додаде дека назначувањето на Христовски за директор на АНБ било контроверзно по многу основи.

„Значи, почнувајќи од неговата диплома која е прибавена од приватен универзитет каде што се штанцаат дипломи, каде што во програма од четири години се добива диплома за една година, до уште еден поскандалозен момент, а тоа е што тој универзитет е во сопственост на поранешен градоначалник на истата партија, која сега Бојан Христовски го назначува за директор на АНБ“, рече потпретседателот на Левица.

Исмаил ја осуди и одлуката на Комисијата да го предаде на истражување предметот за Христовски на член на Комисијата кој има деловни врски со истиот универзитет.

„Да биде уште понелогична ситуацијата, вие назначувате член од вашата комисија да го истражи овој случај за неговата диплома во Универзитетот каде што тој ист член има деловна врска со истиот универзитет“, додаде Исмаил.

Пратеникот од Левица потенцираше дека ваквата партизираност на функцијата и пасивноста на ДКСК сериозно го нарушуваат кредибилитетот на институцијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира