„Истакнати културни дејци и достигнувања на Русија“ – изложба во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во петок, 31 јули, 2026 година, напладне во 12:00 часот ќе се одржи настан, кој што е во соработка со амбасадата на Руската Федерација и Македонско-руското друштво од Прилеп.

„Истакнати културни дејци и достигнувања на Русија“ е насловот на првата поставка со фотографии – сведоштва за богатото руско културно наследство.

Посебно место во изложбата со фотографии има државниот академски „Бољшој театар“ – еден од најмаркантните симболи на руската култура и светски реномиран центар на оперската и балетската уметност, чија историја е нераскинливо поврзана со развојот на националната и интернационалната театарска сцена. Оваа институција годинава чествува 250 години опстој и успешно функционирање.

Дел од поставката се и фотографиите со руските научници и просветители Михаил Ломоносов и Владимир Даљ, кои имаат огромен придонес во развојот на рускиот јазик, образованието и науката, надвор од националните рамки.

Посетителите, како што најавуваат од Македонско-руското друштво од Прилеп, ќе имаат можност да се запознаат со наследството на Александар Афанасјев, познат собирач на рускиот фолклор, благодарение на кого се зачувани единствени примери на руското народно творештво.

Втората изложба ги содржи делата од руските автори кои ги красат полиците на нашата установа. Дел од оваа поставка ќе бидат и делата кои минатата година амбасадата на Руската Федерација ги донираше на нашата установа.

Со овој настан, библиотеката „Борка Талески“ ја потврдува долгогодишната плодна соработка со амбасадата на Руската федерација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира