Иџет Мемети доби условна казна по признание на вина и спогодба

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Иџет Мемети се спогоди со обвинителството за условна осуда, а и суспендираниот врховен судија Наке Георгиев е на пат да се спогоди за предметот со 10-те илјади евра од синот на екс градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев.

Осомничени за примање награда за против законито влијание, на  Мемети  му се закануваше казна затвор од 1 до 5 години, а на Георгиев од 1 до 10 години.

Кривичен ја потврдил спогодбата со која покрај условената една година затвор која нема да ја одлежи доколку  три години не стори ново кривично дело Мемети добил забрана за вршење професија во рок од 3 години.

Паралено поднел и оставка до Собранието како член на советот на јавни обвинитеи каде до пред оваа истрага беше и заемник претседател.

Тој признал вина дека го искористил своето влијание и преку врховниот судија Георгиев му пренел на синот на осомничениот екс градоначалник на Ново Село Стојчев дека наводно интервенирал неговиот татко да добие спогодба наместо обвинение за шверц на марихуана.

„Мемети и Георгиев се договарале преку апликацијата Ватсап но Мемети не знаел дека ги слуша свеодокот, синот на Боро Сточјев“, стои во соопштението од обвинителството.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира