Времето денеска ќе биде претежно облачно, во текот на денот со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и поинтензивни во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 8 °C до 12 °C.
УХМР со акутелно предупредување:
Под влијание на поголема влажна воздушна маса, ќе продолжи да биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, а денес и утре понекаде ќе надминат 20 л/м2 за 24 часа и на места ќе се со пороен карактер и проследени со засилен ветер. Во понеделник ќе има и услови за појава на краткотрајна нестабилност проследена со засилување на ветерот и ретки грмежи.