Колку и во која мера кафеаната има своја култура – места на збиралишта и места на создавање

 

 

Колку значајни дела се напишани во она што денес го нарекуваме кафеана? Места на збиралишта, но и места на создавање. Колку кај нас кафеаната во денешно време пружа такви услови? Како денес се гледа на кафеаната? Дали е таа само декор?

Цели човечки драми се имаат случувано во кафеана: бракови, колкаво ќе биде нашето семејство, заљубеност итн. Неверојатни суптилни и емотивни моменти.

Слушнете го разговорот во далечната 1973 на неколку културни дејци:  Глигор Чемерски, Живко Поповски, Јован Павловски и Радован Раѓеновиќ кои разговараат за културата на кафеаната во емисија на Телевизија Скопје.

„Кафеаната е извонредна можност за бегство на човекот. Бегство од едни норми на однесување, бегство од обврски – професионални, општествени, семејни“ – кажува еден од културните дејци.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира