Комисијата за заразни болести донесе нови препораки за ковид-19 во Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Комисијата за заразни болести донесе нови препораки со кои пациентите позитивни на Ковид-19 нема веќе да се препраќаат на Инфективната Клиника, туку ќе мора да се хоспитализираат во клиниките каде што првично се упатени, за да се третира нивната примарна болест. Од друга страна, – болниците и клиниките во Македонија треба да создадат посебни простории за изолација на пациентите што се хоспитализирани и имаат пропратен ковид, за да може да се третира нивното основно заболување.

Портпаролот на Комисијата за заштита на населението од заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ нагласува дека овие препораки не се поврзани со смртта на 47 годишната пациентка болна од леукемија која истовремено била позитивна на Ковид, а не била примена ниту на КАРИЛ ниту на Инфективната клиника.

Доктор Мехмедовиќ информира и дека се забележува пораст на бројот на новозаболени од Ковид 19, но станува збор за пациенти со полесна клиничка слика за кои не е потребна хоспитализација.

Комисијата донела препорака и да се почитува куќниот ред за посети в о болниците кои ќе се одвиваат во строго утврдено време, како и да се вакцинираат високоризичните групи граѓани, против Ковид-19, два пати годишно. Инаку, најчестите симптоми на вирусот се прекумерно потење, гадење, треска, температура, зацрвенето грло, промени во крвниот притисок, болки во градите и тешко дишење.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми