Комплетно реконструирани спортските игралишта во паркот на Могилата

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Во името на сите граѓани на Прилеп и во свое лично име, упатувам голема благодарност до компанијата ВИК Македонија, која и овојпат покажа што значи вистинска општествена одговорност, напиша денес на Фејсбук градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

„Со нивната донација, комплетно беа реконструирани двете спортски игралишта во паркот на Могилата. Терените сега се целосно обновени и подготвени да им овозможат на нашите сограѓани – особено на младите, квалитетни услови за спорт, дружење и активен живот на отворено.

Ова е уште еден прекрасен пример за успешна соработка меѓу локалната самоуправа и одговорниот бизнис сектор со заедничка цел: подобар и поубав Прилеп за сите!“, напиша Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми