Жителите од зградите на улица „Наум Наумоски – Борче“ во Прилеп се жалат дека ЈП „Комуналец“ ги отстраниле контејнерите во кои со години го одлагале отпадот од своите домаќинства.
Имено, контејнерите по неколку дена стојат на локацијата, а наредните неколку дена ги нема и така веќе 2 месеци.
По голем број поплаки до „Комуналец“, од јавното комунално претпријатие во Прилеп добиле известување дека отпадот отсега ќе треба да го одлагаат во контејнери од соседните згради, кои не се доволни да го соберат целиот смет. Жителите од улицата „Наум Наумоски – Борче“ бараат контејнерите наменети за нивните згради, кои отсекогаш се наоѓале таму, да бидат повторно наместени на локацијата со цел какво такво одржување и на така веќе нарушената хигиена во градот.
Во знак на револт, моментално отпадот се одлага на местото каде што треба да има контејнери.