Контролата на летање доби нов систем за менаџирање на авиосообраќајот со цел посигурно небо

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Македонската навигација (М-НАВ) пушти во употреба нов систем за управување со воздушниот сообраќај, кој треба да ја зголеми безбедноста и да им го намали оптоварувањето на контролорите во услови на зголемен број летови над Македонија.

Директорот Владимир Ристески вели дека ставањето во употреба на новиот АТМ систем е од исклучително значење за М-НАВ, затоа што со него не се добива само нова технологија, туку се создава стабилна и современа основа врз која треба да се развива целиот систем во воздухопловната навигација.

„Со новиот систем пред сè ја стабилизираме М-НАВ како давател на услуги и обезбедуваме поголемо ниво на сигурност, а ова е особено важно кога воздушниот сообраќај на македонското небо бележи енормен пораст. Една од важните придобивки е и намалување на оптоварување на контролорите на летање. Со подобра автоматизација, презентација и обработка на податоците и современите алатки кои се користат при рутинските работи на контролорите на летање, се создаваат условите поефикасно и побезбедно истите да се справуваат со воздушните операции. Тоа директно влијае на зголемување на капацитетот на македонскиот воздушен простор“, појасни Ристески.

Тој соопшти и дека до крајот на септември се очекува да се пушти во употреба и новиот радар кој е инсталиран на контролната кула во Скопје.

„Со воведувањето на овие два системи целосно го покриваме македонското небо на највисоко ниво што во моментот во светот може да се најде на контрола и безбедност“, рече Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци