Здружението за субкултура „ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП“, организатор на фестивалот Prilep Jazz Weekend со големо задоволство Ве информира дека на 23ти август 2026г (недела) со почеток во 18.30ч ќе го реализира првиот настан од јубилејното петнаесетто (15) издание, концерт на Драган Даутовски.
Ја продолжуваме традиционалната соработка со Центарот за истражување на праисторијата преку организирање на концерти и промовирање на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, каде редовно ви приредуваме несекојдневни моменти за уживање во амбиентот што го нуди истиот.
„Им благодариме на Општина Прилеп, Општина Кривогаштани и на сите добронамерници кои несебично го помагаат овој настан. Официјалната програма на овогодинашниот Prilep Jazz Weekend ќе можете да ја проследите во просториите на НУЦК Марко Цепенков на 1,2 и 3 ти Октомври“, велат организаторите.