Крводарителска акција на извидниците: Направи добро дело и спаси нечиј живот!

Извиднички Одред Феникс со гордост најавува крводарителска акција која ќе се одржи на 19 февруари 2025 година од 09:00 до 13:00 часот на Одделението за трансфузиологија при ЈЗУ Општа Болница „Борка Талески“ – Прилеп. Целта на оваа хуманитарна акција е да се соберат што повеќе единици крв кои ќе бидат искористени за спасување животи на пациенти во болниците и здравствените установи.

Крводарителската акција се организира традиционално четврта година по ред и истата е по повод 22 Февруари – Светскиот ден на извидниците кој се слави под мотото „Направи добро дело!“. Оваа година крводарителската акција е во склоп на јубилејот 10 години извидници во Прилеп односно 10 години од формирањето на Извиднички одред Феникс – најголемата организација за деца и млади во нашиот град.

Дарувањето крв е едноставен, но многу значаен начин на кој секој од нас може да помогне. Кога дарувате крв, може да спасите живот на некого кој се наоѓа во критична здравствена состојба. Потребата за крв е постојана и се зголемува во зимскиот период кога бројот на медицински интервенции, операции и незгоди се зголемува. Со оваа акција, ИО Феникс се стреми да ги поттикне граѓаните да покажат хуманост и солидарност, да се вклучат во овој добар чин и да помогнат на оние на кои им е потребно.

Пред да даруваат крв, крводарителите се подложени на здравствена проверка и пополнување на прашалник, односно проверка дали се исполнети сите услови за дарување крв. Повеќе информации околку дарувањето крв може да прочитате на веб-страната на Институтот за Трансфузиологија на линкот https://itm.org.mk/како-се-станува-крводарител/

За да се запознаете повеќе со активностите на извидниците во Прилеп посетете ги нивните социјални мрежи https://www.facebook.com/iofeniks и веб страна https://www.izvidniciprilep.org/

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи