ОВР Крушево поднесе кривична пријава против Т.О.(46) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во 2024 година, пријавениот, во својство на референт по сеча и превоз во Јавно претпријатие „Национални шуми“, продал приколка која претходно била одземена од Шумска полиција и предадена на Подрачно шумско стопанство „Липа“ – Крушево, и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист.
