Кривична за прилепчанец за продажба на марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Ј.(34) од с.Тимјаник, неготинско, и Р.Р.(48) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

 

На 03.08.2019 на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед на пријавените и на патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од Р.Р., при што кај нив пронашле и одзеле марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира