Кривична за прилепчанец поради опожарување на возило

СВР Битола – ОВР Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против С.С.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување на општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.

На 25.01.2025 околу 22.30 часот на ул.„Пенка Котеска“ во Прилеп, пријавениот со бензин предизвикал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген шаран” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ј.(49) од Прилеп.

По преземени мерки и активности, на 29.01.2025 во 12.00 часот тој бил пронајден и лишен од слобода, по што му е поднесена пријавата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи