Доволно чекавме, приказната продолжува… Време е да го вратиме точакот таму каде што му е местото — на улиците на Прилеп, велат од ПрилепНаТочак.
ПрилепНаТочак те повикува да се придружиш на заедничкото возење низ градот и да покажеме дека точакот е најдобро урбано превозно средство и дека е присутно секојдневно во Прилеп и дека заслужува да биде видено и заслужува достоен простор за движење.
- Помалку метеж
- Помалку загадување
- Поздраво тело
- Посреќен град
„Секој ден го гледаме истиот метеж, истиот чад и истата изгубена енергија во сообраќајот, зафатени тротоари, пешаци по улици, блокирани улици блокиран град.
Затоа излегуваме повторно на улиците. Да возиме заедно. Да покажеме дека може и поинаку. Да потсетиме дека Прилеп може да биде побрз, почист и посреќен град.
Критична Маса Прилеп. Време е за точак сега“, велат организаторите.
Настанот започнува во 19 часот од плоштадот „Александрија“ или кај Камената бина.